СП 2026: Втората победа за домаќинот САД и пласман во следната рунда
Сиетл – Фудбалерите на САД синоќа во Сиетл ја остварија и втората победа на Светското првенство откако ја совладаа Австралија со 2:0. Со новите три бодови Американците се сигурен учесник во следната фаза од групата Д бидејќи по два натпревара имаат шест бодови.
Двата гола беа постигнати во првиот дел, а домаќинот САД поведе со автоголот на Камерон Буржес во 11.минута. На 2:0 САД зголеми во 43.минута со голот на Алекс Фриман по прегледување на ВАР снимката – голот беше признаен.