СП 2026: Два гола на Куња за првиот триумф на Бразил
Филаделфија– Фудбалерите на Бразил ја постигнаа првата победа на Мундијалот откако синоќа го совладаа тимот на Хаити со 3:0. „Кариоките“ одиграа квалитетно прво полувреме и заслужено стигнаа до победата.
Бразил со двата гола на Матеус Куња во 23.минута и 36.минута дојде до водство од 2:0, а стрелец на третиот гол беше Винисиус во 45+3 минута.
Бразил со трите бода се изедначи на табелата со Мароко со по 4 бодови, Шкотска има 3, а Хаити е последен без бод.
Во последното (трето) коло од групата играат: Бразил – Шкотска и Мароко – Хаити, а дуелите се играат на 25.јуни.