СП 2026: Мароко со „брз“ гол до победа против Шкотска


Бостон – Репрезентацијата на Мароко ја постигна првата победа на Мундијалот откако синоќа ја совлада Шкотска со 1:0. Со триумфот Мароко има четири бодови и оваа репрезентација е пред пласман во следната рунда.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 2.минута, а стрелец беше Исмаел Саибари. Селекцијата на Мароко беше и подобриот тим и упати повеќе удари кон противничкиот гол.

Мароко во последното коло од групата Ц ќе игра против аутсајдерот Хаити на 25.јуни во Атланта и доколку останат непоразени ќе се пласираат во следната фаза од Мундијалот.