Селекторот на Турција: Во фудбалот сум 35 години. Ова се случува еднаш во 50 години
Сан Франциско – Репрезентацијата на Турција има уште само еден натпревар на Светското првенство и го завршува настапот на Мундијалот. Клучно за елиминацијата на Турција беше поразот утрово од Парагвај со 1:0.
Италијанскиот тренер на клупата на Турција, Винченцо Монтела смета дека среќата не беше на нивна страна, имаа голем број на шутеви на двата натпревара, но не постигнаа гол.
– Во фудбалот сум 35 години. Вакви работи обично се случуваат еднаш на 50 години, а ни се случи нам во два натпревари. Имавме 65 шутеви во тие два натпревари (62 според официјалната статистика.), а да не зборуваме за поседот на топката. Среќата едноставно не беше на наша страна“, рече тој, додавајќи: „Им реков на моите играчи да ги држат главите горе. Како што велат, не можеш да се бориш со судбината- изјави Монтела.
Турција во следното коло во последниот натпревар игра против САД.