Проблем за Бразил. Една од најголемите ѕвезди на тимот е повредена


Филаделфија – Прва победа на Мундијалот оствари репрезентацијата на Бразил со триумфот над Хаити од 3:0. Но, во таборот на „кариоките“ продолжува проблемот со повредите.

По Нејмар, кој наверојатно ќе биде достапен дури за следната фаза, на дуелот со Хаити се повреди Рафиња. Во 40.минута селекторот Карло Анчелоти го извади од игра и на негово место влезе Рајан.

Настапот на Рафиња беше неизвесен против Хаити, поради повредата од дуелот со Мароко.

Почувствува болка во десниот бутен мускул за време на првото полувреме. Играчот почна со третмани. Кога ќе имаме повеќе информации, ќе ги споделиме, се вели во соопштението на Бразилската федерација.

Степенот на повредата не е познат и се очекува наскоро да биде познато колку ќе паузира офанзивниот играч на Бразил.