Хал се врати во Премиер лигата


Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел).

Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да заработи и околу 231 милион фунти.

Екипата на Хал во Премиер лигата се враќа по 2017 година, а минатата сезона оваа екипа се бореше за опстанок во Чемпионшип. Тековната сезона го освои шестото место и на тој начин се избори за плеј офот во Чемпионшип.

Пласман претходно во Премиер лигата изборија двете првопласирани екипи Ковентри и Ипсвич.