Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч во Премиер лигата


Португалскиот репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш го доби признанието најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ имаа пред сè одлична втора полусезона, а Бруно е првиот фудбалер од овој клуб што по повеќе од една деценија стигнува до престижната награда.

Во конкуренција за наградата беа: Ерлинг Халанд, Деклан Рајс, а Фернандеш доби најмногу гласови од навивачите и фудбалските експерти.

Португалецот оваа сезона го изедначи бројот на асистенции на Тиери Анри Кевин Де Бруин по 20, со тоа што на последниот натпревар против Брајтон утре може да стане рекордер. Бруно, беше избран и за Фудбалер на годината според Здружението на фудбалски новинари во Англија.