Каземиро по Манчестер Јунајтед заминува во САД кај Меси


Бразилскиот фудбалер Каземиро на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед и како што пренесуваат британските медиуми ќе се пресели во САД и ќе биде соиграч на Лионел Меси во Интер Мајами.

Сепак трансферот нема да биде лесно остварлив особено што според МЛС лигата прописите се дека право на него има ЛА Галакси. Тој наводно имал и преговори со овој клуб, но преговарал и со Мајами со што се прекршени правилата.

Овие спорови во САД се решаваат со парична компензација слично како кога Марк Ројс наместо во Шарлот замина во ЛА Галакси, притоа Шарлот доби 400.000 долари од ЛА Галакси.

Во случајот на Каземиро има и втор проблем – буџетот на клубот. Клубот нема слободно место за уште една голема ѕвезда, па постои можност во првата сезона да игра за гарантирана плата од два, милиони долара, а кога ќе се ослободи простор да добие поголем договор.