Тухел шокира со составот за Светското првенство, Палмер и Фоден се надвор


Селекторото на Англија, Томас Тухел, донесе неколку шокантни одлуки во својот состав за Светското првенство.

Тухел разговараше со играчите и многу детали од конечниот список веќе протекоа во англиските медиуми. Јавноста е шокирана што Тухел не вклучи некои огромни ѕвезди во составот од 26 играчи.

Палмер и Фоден се надвор

Кол Палмер, 24-годишната ѕвезда на Челзи чија вредност се проценува на 110 милиони евра од Transfermarkt, нема да оди на Светското првенство. Палмер постигна само девет гола во Премиер лигата оваа сезона, убедливо најмалку откако се приклучи на клубот пред три години.

Фил Фоден исто така нема да биде на списокот, по не толку одличната сезона во Манчестер Сити. Играчот од средниот ред вреден 80 милиони евра има седум гола и пет асистенции во 32 настапи во Премиер лигата. Фоден досега одигра 49 натпревари за Англија, но нема да патува на Светското првенство.

Магваер „шокиран и разочаран“

Едно од најголемите имиња што го пропуштија турнирот е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер. За 33-годишниот ветеран со 67 настапи, одлуката веројатно го означува крајот на неговата меѓународна кариера, што не беше сосема неочекувано со оглед на тоа што Тухел го рангираше како свој шести избор за дефанзивец во март.

Магваер ја потврди веста на Инстаграм: „Бев уверен дека можев да одиграм голема улога ова лето за мојата земја по сезоната што ја имав. Шокиран сум и разочаран од одлуката. Им посакувам на играчите се најдобро.“

Покрај Магваер, од списокот се отстранети и неговиот соиграч од Јунајтед, Лук Шо, и дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори. Иако Шо имаше импресивна сезона, се чини дека на другите играчи им е дадена предност. Отсуството на Магваер и Томори ја отвора вратата за Џон Стоунс, и покрај сезоната полна со повреди, кого Тухел го смета за клучен играч.

 

Комплетен список на избраните фудбалери:

голмани – Џордан Пикфорд (Евертон); Дин Хендерсон (Кристал Палас); Џејмс Трафорд (Манчестер Сити);

одбрана – Рис Џејмс (Челзи); Тино Ливраменто (Њукасл); Марк Геи (Манчестер Сити); Езри Конса (Астон Вила); Џон Стонс (Манчестер Сити); Џарел Кванса (Баер Л.); Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Дан Брн (Њукасл); Џед Спенс (Тотенхем),

среден ред – Дејлан Рајс (Арсенал); Елиот Андерсон (Нотингем Форест); Џуд Белингем (Реал Мадрид); Џордан Хендерсон (Брентфорд); Морган Роџерс (Астон Вила), Коби Маину (Манчестер Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал),

напад – Хари Кејн (Баерн); Иван Тони (Ал Ахли); Оли Воткинс (Астон Вила); Букаја Сака (Арсенал); Нони Мадуеке (Арсенал; Маркус Рашфорд (Барселона) и Ентони Гордон (Њукасл).

Англија на Мундијалот е во група со Хрватска, Гана и Панама, а првиот натпревар го игра на 17.јуни во Далас.