Њујорк убедлив и во третиот натпревар против Кливленд
Кошаркарите на Њујорк се на само една победа од пласман во големото финале од НБА лигата откако ноќеска го совладаа Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во добиени натпревари. Екипата на Њујорк Никс последен пат играше во финале пред 27 години во 1999 година.
Кошаркарите на Њујорк имаа извонреден шут за три поени од 43%, 11 погодени од 28 обиди и речиси перфектни 24 од 27 од линијата за слободни фрлања.
Најефикасни во победничкиот тим беа Џејлен Брансон со 30 поени и Микал Бриџис со 22.
Њујорк со оваа победа стигна до десет последователни триумфи во плеј офот и стана седми тим во НБА историјата кој успеал да оствари таков скор. Последниот тим беше Бостон Селтикс во 2024 кога ја освои шампионската титула.
Натпреварот број 4 се игра повторно на теренот на Кливленд понеделник на вторник со почеток во 2 часот.