Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината. Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на […]

Кристина Глигоровска, моден истражувач: Азија ги освои и дизајнерите и потрошувачите


Кристина Глигоровска (38) е една од ретките истражувачи во Македонија која повеќе ја третира модата преку факти отколку како ревии, која ги анализира и прогнозира модните трендови и која е окупирана околу воведувањето технолошки иновации во модата. Иако во фокусот на различните професионални улоги што ги има во последниве години е меѓународната модна сцена, вели […]

Џорџ Клуни: Нема да бидам кум на Арчи


САД– Џорџ Клуни вели дека сè уште не се усовршил во улогата на татко, па моментално не е заинтересиран да презема други слични обврски. Тој на овој начин ги демантираше шпекулациите дека ќе биде кум на новото кралско бебе, новородениот син на принцот Хари и на Меган-Арчи. Сопругата Амал, адвокатка за човекови права и Џорџ […]

Евровизиска забава во Скопје во чест на Тамара


Традиционално, во пресрет на евровизискиот натпревар, утревечер, во 21, 30 часот  во Нано Бар (Дебар Маало), во Скопје ќе се одржи Евровизиска забава, овојпат во чест на Тамара Тодевска. На забавата, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните од македонските претставници. Преку видео, до евровизиските фанови ќе […]

Амал Клуни ги покажа децата: Паметни се на Џорџ


САД– Оскаровецот Џорџ Клуни, по повод промоцијата на новата мини серија „Catch 22“, во американската емисија „Today“ , одлучи отворено да зборува за своите близнаци, Александер и Ела . Тој не криеше воодушевување за своите наследници и гордо изјави дека близнаците кои имаат две години совршено ја знаат азбуката на англиски и на италијански јазик. […]

„Спортс илустрејтед“: Тајра Бенкс на 45 години позира во бикини


САД- Манекенката и водителка Тајра Бенкс и во петтата деценија е секс-симбол. Ја краси насловницата на престижниот магазин „Спортс илустрејтед“ за 2019, кој е познат по едиторијалите со костими за капење. Бенкс (45) е првата црномурна убавица на насловницата по 1997 година. Изданието има уште две насловници: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек. […]

Бебето на Хари и Меган ќе се вика Арчи


Англија- Веќе е јасно како ќе се вика бебето на Меган и Хари. Војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор. Веста за одлуката на младите родители беше официјално потврдена од Кенсингтон палатата. “Седмиот престолонаследник ќе го носи името да Aрчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор”, гласи пост на принцот и неговата сопруга, објавен […]

Евросонг : Тамара горда на сценскиот настап


Тамара во смарагдно зелена драматична тоалета пее, а во позадина, на осум огледала како холограми и ја гледаме позадината на тоалетата, дизајн на македонскиот креатор Александар Ношпал кој ја придружува во Тел Авив. Нашата евровизиска претставничка е горда на сценскиот настап кој има динамична кореографија, подготвен со тим од Шведска. На првата проба во „Експо […]

Принцот Хари и Меган го покажаа синот: Многу е мирен


Англија– Војводата и војвотката од Сасекс за прв пат го покажаа штотуку родениот син на јавноста. Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл стоеја гордо со бебето Сасекс пред замокот Виндзор. Новопечените кралски родители не го соопштија името на бебето. „Магично е, прилично неверојатно. Ова бебе беше нашиот сон, па изминативе неколку дена беа многу […]

Влатко Стефановски специјален гостин на Стинг во Скопје


Гитарскиот крал Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг на концертот на 2 јуни, во Националната арена „Филип Втори“. Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, […]

Мис Северна Каролина е Мис на САД за 2019


САД- Во многу емотивна амтмосфера на бината, поранешната победничка Сара Роуз Самерс ја круниса годинешната победничка Челзи Крист за победничка на престижниот натрпевар за убавина – Мис на Америка. Како Мис на Северна Каролина, Крист ја доби круната пред конкурентките кои станаа прва и втора придружничка – Александра Гонзалез, Мис Ново Мексико и Триана Браун, […]

Ношпал од Тел Авив: Зелената тоалета на Тамара е долга 12 метри


Поп-ѕвездата Тамара вчера блесна во тоалета во смарагдно зелена боја на првата проба пред настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел. Во македонскиот евровизиски тим во Tел Авив се наоѓа и дизајнерот Александар Ношпал кој два месеци го осмислуваше изгледот на поп-ѕвездата на престижниот музички настан. -Тоалетите за Тамара за […]

(Видео) Прва проба на Евросонг: Тамара го покажа зелениот фустан на Ношпал


Израел- Вчера, на првата проба во „Експо Тел Авив“ Тамара го откри долгиот зелен фустан и сценскиот настап пред второто полуфинале на 16 мај. Нашата евровизиска претставничка ќе има уште две проби со песната „Proud“ . Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. Поп-ѕвездата изгледа светски во тоалетата на Ношпал која е […]

Сите се обложуваат на Алберт: Како ќе се вика новото кралско бебе?


Англија– Како ќе се вика првото бебе на принцот Хари и Меган, седми во редот на тронот?  Бакимгенската палата уште молчи. Според британските обложувалници повеќето Англичани се обложија на името Алберт чиј коефициент е 1,33, потоа на Артур со коефициент од 2,55, а потоа следуваат Александар, Џејмс, Филип, Луис, Хенри, Фредерик, Томас и Едвард. Најголема […]

Прва проба на Тамара на Евросонг


Нашата евровизиска претставничка Тамара денес ќе ја има првата проба (и уште две, пред полуфиналето на 16 мај) со песната „Proud“ на сцената на центарот „Експо Тел Авив“  во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. -И покрај заканите што ги добива „Евросонг“, во Тел Авив се чувствувам најбезбедно. Кога […]

Џорџ Клуни кум на бебето на Меган и Хари?


Англија– Штотуку британскиот принц Хари и Меган Маркл го добија првото бебе, а британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да му биде кум. На прво место, судејќи по пишувањата на таблоидите, се наоѓа оскаровецот Џорџ Клуни, кој е роден на истиот ден со малиот принц. Амал и Џорџ Клуни се блиски пријатели […]

(Фото) Пола Холивуд во Версаче: Откачен црвен килим на Мет гала


САД– Модната куќа „Версаче“ го облече пола Холивуд на црвениот килим на Музејот „Метрополитен“ синоќа во Њујорк. Институтот за костимографија секој прв понеделник во мај  го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди , а темата на модната изложба годинава е – Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата). Камп во овој контекст […]

Меган Маркл роди машко бебе


Најочекуваното бебе на годината пристигна во понеделник, во попладневните часови. Војвотката Меган Маркл добила контракции во текот на денот, потврди Бакингемската палата, јави Би-би-си. За Меган и британскиот принц Хари ова е прво дете. Бебето на Меган Маркл и принцот Хари е седмо во редот за британската круна, по принцот од Велс, војводата од Кембриџ […]

Каква шефица е Ана Винтур?


САД– Како изгледа најмоќната жена во светот на модата, уредничката на американскиот „Вог“Винтур како шеф? Дали е строга? Дали вика? Зошто ѝ се плашат? Дали е навистина ѓаволот кој носи „Прада“ како во истоимениот филм со Мерил Стрип во главната улога? Документарецот за работењето на Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“, како и гала-вечерта […]

Се распадна музичката група „Дупер“


Поп-групата „Дупер“ која направи бум уште со својот прв сингл „Не сум твој тип“, веројатно нема да продолжи да функционира во познатиот состав. Во „Дупер“ членуваа МАртина Баракоска на тапани, Илчо Нечовски вокал и Борис Какуринов на гитара. Од минатата година тие потпишаа договор со Авалон продукција и требаше да го издадат и својот прв […]