Лозано за Илинден со концерт во Охрид


Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ од 21 часот.

„Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански, која ќе одржи концерт на овој стадион“, вели организаторот „Прагма“ кој најавува специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот Плоштад по цена од 300 денари па нагоре.

Лозано имаше успешна година со многу хитови од авторите Лазар и Магдалена Цветкоски.