Вимблдон како модна писта: Сите гледаа во кралската ложа


Англија– Лето во Лондон значи дека фамозниот тениски турнир Вимблдон е тука, и вообичаено, тука е и кралското семејство. Годинава вниманието го привлече војвотката од Кембриџ.

Кејт Мидлтон пристигна на трибините на Вимблдон облечена во бел кошула фустан со миди должина,од марката Suzannah, а го комбинираше со чантичка од Александар Меквин која веќе стана хит и црни чевли со умерени и стбаилни потпетици на Џанвито Роси.

Впечатливи се панделките како украси, едната во зелена , а другата во виолетова нијанса, што ги носеше и лани. Но овие панделки не се случајни, тие се всушност знак дека војвотката од Кембриџ е патрон на All England Lawn Tennis & Croquet Club. А женските членови на клубот носат вакви панделки.

Војвотката од Кембриџ не дојде со сопругот, принцот Вилијам, туку во кралската ложа ги гледаше мечевите со пријателките.