Една година без Влатко Илиевски: Пријателите не го заборавија


Поп-пејачот и актер Влатко Илиевски на 6 јули, пред една година трагично го загуби животот. Имаше само 33 години.

Неговите блиски пријатели и соработници не го заборавија на овој тажен ден, ниту пред една недела кога се собраа на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во Ѓорче Петров.

– Една година помина. Сѐ уште не можам да поверувам и не сакам да поверувам. Фалиш Влатче и засекогаш ќе недостасуваш – напиша водителката Марјана Станојковска со која Илиевски соработуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“, но се дружеа и прНеговата најдобра другарка од средношколските денови, Тамара Тодевска, уште на поменот пред една недела ни кажа дека тешко ѝ е да зборува за Влатче.

– Тешко ќе ми биде цел живот. Нема ден да не помислам на него – искрена беше Тамара.

Точно на годишнината од смртта, таа му ја посвети нумерата „Гушни ме“, дуетот кој го снимија пред неколку години.

Влатко планирал големо враќање на музичката сцена, а  „Женски магазин“ дознава дека веќе е во подготовка цел албум со досега необјавени негови песни, со помош на неговиот долгогодишен пријател и соработник Владимир Дојчиновски-Дојчин.