(Видео) „Аладин“ заработи речиси 900 милиони долари на бокс-офисот


„Дизни“ објави дека филмската адаптација „Аладин“ заработи 897 милиони долари на светскиот бокс-офис, од прикажувањето кон крајот на мај, што го прави еден од најуспешните филмови.

Со тоа филмот стана дел од листата на „Дизни“ со филмови кои исто така оствариле одличен старт, како што се „Убавицата и Ѕверот“, „Книга од џунглата“, „Алиса во земјата на чудата“, како и трите продолженија на „Пиратите од Карибите“.

Ова значи дека и „Аладин“ успеа да се качи на врвот на листата најуспешни филмови и да заработи скоро милијарда долари. Во текот на првиот викенд од прикажување филмот заработи 117 милиони долари.

Најмногу заработка достигна во Јапонија, околу 72 милиони долари, а потоа следуваат Јужна Кореја со 63 милиони долари, Кина 53 милиони долари, Велика Британија 43 милиони долари и итн.

Филмот е жива акциска адаптација на анимираниот филм од 1992 година, основана според истоимената арапска народна приказна од „Илјада и една ноќ“ и француската адаптација на Антоан Галанд.

Режисер на филмот е Гај Ричи, а во главните улоги се Мена Масуд, Вил Смит, Наоми Скот, Марван Канзари и други.