Се разведува Ерос Рамацоти


Италија- Поп-ѕвездата  Ерос Рамацоти (56), ги шокира фановите откако ги потврди гласините дека се разведува од манекенката Марика Пелегрини.

Музичарот и неговата 26 години помлада сопруга се договориле спогодбено да се разделат, после приближно пет години заеднички живот, а претходно речиси исто толку се забавуваа.

– Тоа беа прекрасни десет години. Заедно создадовме прекрасно семејство и бевме бескрајно среќни. Ова е наш заеднички избор и нашиот однос останува пријателски. И понатаму делиме љубов. Ја замолуваме јавноста да ја почитува нашата и приватноста на нашите деца во овој стресен период за сите нас – стои во официјалното соопштение на познатата двојка.

Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“, Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември.

Рамацоти претходно беше во брак со водителката Мишел Хунцикер со кого ја има ќерката Аурора (21).