Бред Пит: Ќе глумам сѐ помалку, тоа е арена за младите


САД- Американскиот актер, продуцент и активист Бред Пит ги изненади обожавателите со изјава во интервју за австралиски GQ.

55-годишниот холивудски шармер рече дека сѐ помалку ќе се појавува пред камерите.

„Кога сум зад камерата, во улога на продуцент, навистина уживам во тоа. Ќе глумам сѐ помалку. Верувам дека е тоа арена за младите актери, иако со тоа не сакам да кажам дека нема улоги за постарите актери. Едноставно, ова ми се чини како природен тек на нештата“, рече миленикот на женската публика и поранешен сопруг на актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли.

Бред Пит се прослави во средината на 90-тите откако играше во неколку големи холивудски хитови. Има добиено номинација за Оскар и го доби Златниот глобус во 1995 година за улогата во „12 Monkeys“.

Во мај, на престижниот кански фестивал беше главната ѕвезда заедно со Леонардо ди Каприо, како актери во еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино. Медиумите полудеа по нив  кои и во филмот играат двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд.

Леонардо Дикаприо ќе се појави во улогата на Рик Далтон, поранешна ѕвезда на вестерн ТВ серија, додека Бред Пит е неговиот каскадер и дублер, Клиф Бут.

Во новиот филм ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува „Once Upon a Time in Hollywood“.

Покрај Пит и Дикаприо, во филмот се појавува заносно убавата Марго Роби, потоа Курт Расел, Ал Пачино и многу други.

Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ е закажана за 26 јули.