Приватна турнеја низ Версај: Викторија и Дејвид Бекам прославија 20 години брак


Франција- Дејвид и Викторија Бекам прославија 20 години брак и тоа со приватна, романтична турнеја низ Версајскиот дворец во Франција.

Двојката на Инстаграм сподели фотки од романтичното патување, на кои Викторија носи бел сатенски миди фустан, додека Дејвид е дотеран во класичен црн костум.

Се пофалија и со скап шампањ и специјалитет од тартуфи, но и се пошегуваа дека со задоволство би се преселиле да живеат во дворецот.