Крстен Арчи, синот на Хари и Меган


Англија– Војводата и војвотката од Сасекс, Меган и Хари ја одржаа крштевката на своето синче Арчи, во приватна капела во Винздор замокот. Церемонијата била интимна, само за најблиското семејство, без голем број на гости и медиумско внимание. Малиот Арчи бил кршеван во реплика од традиционалниот фустан кој го носат сите кралски бебиња во последниве 11 години, додека оригиналот е дел од кралските традиции од 1841-ва година.

Од официјалниот портрет отсуствува кралицата Елизабета.

Меган била облечена во бело, во брендот „Диор“. Досега во јавните настапи омилен бренд и беше „Живанши“.