Смешните бикини се хит: Колку сте храбри во лето?


САД– Костимите за капење не се само за парадирање на плажа. Тие летово се и ултимативно модно парче кое предизвикува смеа и восхитување.

Костимот за капење низ годините

  1. век ги донесе првите костими за капење за дамите и целосните костими кај мажите. Луѓето се капеа во костими направени од дебела волна и памук кои впиваа многу вода и им требаше цела вечност за да се исушат. Сѐ беше стриктно сегрегирано според полот – вклучително и зоните за капење.

Чекор напред

Кога почна развојот на туризмот во раниот 20. век, во мода влегоа и одморите за капење на море. Костимите дотогаш станаа малку полесни, а се користеа и еластични материјали. Капи за капење, кои наликуваа на шапки имаа за цел да ги заштитат пливачите од сонце. Целосните костими, како на фотографијава од 1910 година, беа правени и за мажи и за жени.

 

Стилизирани и дизајнирани

Втората деценија на 20. век ги катапултираше костимите за капење во светот на модата: мали ременчиња, позлатени копчиња и светкави детали ѝ дадоа малку женственост на модата за капење. Во тој период, костимите беа кроени само во мали големини – големи броеви не се произведуваа.

Скандалозно деби

Три мали триаголници поврзани со врвка. Светот беше шокиран од првото бикини. На 5 јули 1946, егзотичната танчерка Мишелин Бернардини се појави пред камерите на еден базен во Париз сиромашно облечена. Костимот беше дизајниран од францускиот инженер Луј Реар, кој веројатно немаше поим дека ќе го смени светот на жените засекогаш.

Холивудската Венера

Олимписката пливачка Естер Вилијамс го привлече вниманието на Холивуд при настапот на едно шоу на вода. Тоа ѝ овозможи приход, откако не успеа да учествува на Олимпијадата во 1940 поради почетокот на војната. Во „Ќерката на Нептун“ се прослави како атрактивна убавица.

..и потоа се појави Мерилин Монро

Славните облини на американската филмска ѕвезда Мерилин Монро беа дополнително експонирани преку костимот за капење – тогаш кога го носеше, наместо неколку капки Chanel No. 5. Нејзиниот прв успех пред камерата беше во 1940 година, кога работеше како модел за календарот на Пирели, долго пред да стане позната актерка.

Прво главата

Во 1960-те, главен детал за жените како италијанската актерка Џина Лолобриџида, на фотографијата со Шон Конери, беа креативните капи за капење со цветни детали. Пластифицираните капи беа неопходен аксесоар во секоја торба за плажа, а дури и мажите користеа спортски верзии.

Штедете со материјалот!

Американската Тв серија „Чувари на плажата“ испиша нова страница во модата за капење, редефинирајќи го изгледот на костимите во 1990-те години. Светло црвениот материјал беше особено редуциран за актерката Памела Андерсон со цел да дојдат до поголем израз нејзините облини. Култната серија беше прикажувана во 144 држави во светот.

Девојките на Бонд

Кога Урсула Андрес излезе од океанот во дводелен костим во 1962, им паднаа вилиците на кино-фановите. И Џејмс Бонд, тогаш игран од Шон Корени, мораше да подзастане и да ѕирне. Истото му се случи на Пирс Броснан 40 години подоцна. Овојпат, здивот на Бонд му запре при погледот на Хали Бери.

Колку е доволно?

Големото прашање кое си го поставуваат дизајнерите: Колку материјал е премногу? Разликата меѓу бикини и костим за капење, кој традиционално е малку поконзервативен, е тешко да се дефинира. Овој костим во ретро стил беше презентиран на Модната недела во Мајами во 2011 година. Што се однесува до иновациите – лидер е Австралија.