Топ-моделот Карли Клос за „Вог“: Тешко е кога Иванка Трамп ти е фамилија


САД– Едно од најдобрите правила е да не се зборува за политика со семејството. Тоа е особено точно кога сте топ-моделот Карли Клос, а вашите нови сватови се Иванка Трамп и Џаред Кушнер.

Во насловната статија на британското издание на модното списание „Вог“ за  месец август, моделот и телевизиската водителка, која неодамна повторно се омажи за нејзината долгогодишна љубов Џошуа Кушнер, призна дека „е тешко” да се има спротивставени политички гледишта со советниците на Трамп во Белата куќа.

Сепак, Клос додаде: „Но, избрав да се фокусирам на вредностите што ги споделувам со мојот сопруг, а тие се истите либерални вредности со кои сум израснала и кои ме водеа во текот на мојот живот”. (Минатиот месец, Клос побара јавна поддршка за иницијативата „Planned Parenthood” („Планирано родителство“) откако неколку американски држави ги повлекоа правата на  абортус под администрацијата на Трамп).

Во интервјуто на Клос за „Вог“, таа исто така зборува за преминувањето во јудаизам пред нејзината прва свадба – исто како и Иванка Трамп. Таа, исто така, зборуваше за набљудување на Шабат и исклучување од дигиталниот свет од зајдисонце во петок до ноќта во сабота секоја седмица – што истотот го правела и Иванка, иако тие обичаи веројатно завршиле откако почнаа таа и нејзиниот сопруг да работат во западното крило на Белата Куќа.