Славниот новинар Андерсон Купер го наследува богатството на Вандербилт


САД– Андерсон Купер добива подарок што воопшто не го очекувал: најголемиот дел од имотот на неговата мајка, Глорија Вандербилт.

52-годишниот славен водител на Си-Ен-Ен, ќе го наследи целиот нејзин имот освен еден апартман на Менхетн, кој ќе припадне на најстарото дете на Вандербилт, Леополд „Стен” Стоковски, според документите до кои дојде „Пејџ сикс“. Средниот брат Крис Стоковски е отуѓен и не наследува ништо, вели тестаментот. Картер Купер, постар брат на Андерсон, си го одзеде животот во 1988 година.

Богатството на Вандербилт, која почина на 17 јуни од рак на желудникот на 95-годишна возраст, беше проценето од „Пејџ сикс“ на вредност од 200 милиони долари, иако извор близок до семејството изјави дека таа бројка е „многу неточна” и дека вредноста на имотот е поблиску до 1,5 милиони евра.

Кога таа наполнила 21 година, наследничката и моден претприемач наследила повеќе од 4 милиони долари – остатокот од штедниот фонд за неа, кој бил веќе малку потрошен од нејзината мајка.

Купер изјави во интервју за Хауард Стерн во 2014 година дека не очекува да наследи ништо.

„Мајка ми даде дознаење дека не постои заштеда за мене. Нема ништо од тоа”, изјави новинарот на радио-шоуто на Стерн, како што објави „Бизнис инсајдер“.

“Не верувам во наследување пари. Сметам дека тоа е уништувач на иницијатива. Мислам дека тоа е проклетство”, рече Купер. „Кој наследил многу пари и потоа направил нешто значајно во својот живот? ,Ако почувствував дека ме чека куп богатство кога бев млад, не знам дека ќе бев толку мотивиран”.

Глорија Вандербилт, манекенка уште од 14 години, а потоа и модна икона, беше предмет на жесток спор за старателство на 10-годишна возраст, поради кој ја нарекуваа „кутрата богата девојка” која „очајно копнеела” по љубов и семејство, рече Купер на настан во нејзина чест по нејзината смрт.

Таа има четири брака позади себе, најпрво била во брак со холивудскиот агент Пат ДиКико, кога имала 17 години, а потоа и со Леополд Стоковски, кога таа имала 21 година, а тој имал 63 години.

Бракот траеше една деценија, а потоа се венча со нејзиниот трет сопруг, холивудскиот режисер Сидни Ламет.

Таткото на Купер, Вајат Купер, беше нејзиниот последен сопруг. Имале уште еден син, Картер Купер, кој се самоубил фрлајќи се од балконот на нејзиниот стан на 14-тиот кат во 1988 година.