Дуа Липа во врска со братот на Џиџи и Бела Хадид


Англија- Странските медиуми се распишаа за новата ѕвездена двојка на сцената.

Поп-ѕвездата Дуа Липа е во врска со Анвар Хадид, помладиот брат на манекенките Бела и Џиџи Хадид.

23-годишната Липа утеха, по раскинувањето на повеќегодишната нестабилна врска со познатиот готвач Ајзак Кару, ја пронашла во три години помладиот манекен Анвар.

А, веста за романсата ја „потврдија“ и самите Дуа и Анвар, појавувајќи се прегрнати на музичкиот фестивал во Лондон изминатиот викенд. Вљубената двојка се појави на концертот на Лајонел Ричи на фестивалот British Summertime во лондонскиот Хајд парк.

Британската пејачка со косовско потекло, вели дека нејзиниот нов албум наскоро ќе пристигне и ќе биде вистински празник за сите љубители на носталгичниот поп звук.

Дуа Липа снимала заедно со Фарел Вилијамс, Најл Роџерс, Дипло и шведската поп пејачка Тоув Ло, а рекла дека уште откако го објавила својот деби албум во 2017 година, имала јасна претстава за тоа што сака да порача со својата музика.