Гаши ги покани поранешните спикери на средба. Дојдоа тројца


  Спикерот на македонскиот парламент, Африм Гаши, ги покани поранешните претседатели на Собранието на средба и дојдоа само тројца – Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. Ова е втор по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења. Гаши ги информира присутните за процесот на донесување на нов етички кодекс за […]

Отворено писмо од Лилјана Поповска до Европскиот парламент за Протоколот


  Во екот на преговорите околу извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент, екс пратеничката и лидерка на ДОМ, Лилјана Поповска упати отворено писмо до европските парламентарци објаснувајќи ја својата иницијатива да се поништи Протоколот потпишан со Бугарија, за кој известувачот бара разјаснување од Брисел – дали е задолжителен услов или не за […]

Протече транскрипт, Орбан му се лигави на Путин: „На располагање сум, ќе ви помогнам како глушец на лав…“


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан му вели на Владимир Путин за време на телефонски разговор во октомври дека е подготвен да направи сè за да му помогне на рускиот претседател, вклучително и да помогне во завршувањето на војната во Украина со организирање самит во Будимпешта. За дополнително да ја нагласи својата порака, Орбан се повика […]

Мицкоски не знае за обидите на Вајц да го исфрли Протоколот од преговорите со ЕУ


  Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека „нема информации“ за обидите на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, да го исфрли Протоколот потпишан со Бугарија од преговорите со Европската унија. Поучен веројатно од минатогодишното искуство, кога бугарските европарламентарци обвинија дека Вајц го пишувал извештајот заедно со нашата влада и дека кај нас однапред […]

Трпевски по вторпат амбасадор во Албанија, прозборе и албански во Собранието


Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно амбасадорува во Албанија. Тоа го искористил за да научи албански и денес на Комисијата , на барање на […]

Половични мерки имаат половичен успех, реакција на СДСМ


  Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јова Тренчевска. Таа рече дека буквално сѐ е поскапено: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, […]

Стратешкиот дијалог со Македонија од американска страна ќе го води заменикот-државен секретар Кристофер Ландау


  Околу 11 часот по американско време (17 часот по македонско) во Стејт департментот во Вашингтон треба да се одржи Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија. Од Македонија на овој состанок ќе биде присутна висока владина делегација, предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, […]

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика


Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се претставувањата на платформите за дипломатските активности на наши тројца вонредни и ополномоштени амбасадори. Во Кралството Данска […]

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД


  По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Високата владина делегација ја предводена министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, […]

Гаши ќе се сретне со досегашните претседатели на Собранието


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари средба со досегашните претседатели на законодавниот дом. Како што информира вчера, неговата  идеја за ваква средба била за да се искаже почит кон нив, но и тие да ги пренесат своите искуства. – Веќе имавме една средба, помеѓу првиот и вториот изборен круг. Идејата беше моја, да […]

Филипче: Мерките на владата се задоцнети, граѓаните веќе ја плаќаат цената


Мерките на владата се задоцнети и само дел од оние што СДСМ ги предложи уште пред 4 недели, се случи тоа за што предупредувавме, граѓаните веќе ја плаќаат цената, сè е поскапено, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „На Подиум“, на Ора24.тв. Филипче посочи дека доколку владата навреме донесеше соодветни […]

Протестот за албански јазик без државни обележја


  Министерството за правда реагира на протестот за употреба на албанскиот јазик при полагањето правосуден испит оценувајќи дека зад него стои обид за политичка манипулација и дека поминал без државни обележја, што во „превод“ значи само со албански знамиња.  „Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој […]

Тачи ги обвинува ДУИ за политичка манипулација со протестот


Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, остро реагираше на најавениот протест на албанските студенти поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит, опишувајќи го како политичка манипулација. Тачи изјавил дека, иако студентите можеби се во право и можат да бидат поддржани, начинот на кој се организирани овие протести […]

Архиварката која ги заглавуваше предметите во ДКСК сега е во комисијата за заштита на конкуренција


Архиварката која по налог на Цвета и ДПМНЕ ги заглавуваше предметите, сега е протната во комисијата за заштита на конкуренција иако не била прворангирана, велат од Левица. –Откако ја разобличивме мрежата во Државната комисија за спречување на корупцијата и со факти ја принудивме на оставка “антикорупционерката” Цвета Ристовска, наместо расчистување на одговорноста и демонтажа на […]

Пендаровски негира дека ќе формира политичка партија


Поранешниот претседател Стево Пендаровски ги отфрли информациите дека се подготвува за формирање нов политички субјект, тврдеејќи  дека станува збор за шпекулации. „ Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека […]

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик


Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Протестот ќе започне од пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие […]

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители


Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари […]

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово


Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 квадратни метри, се вели во соопштенито […]

Николоски тврди: Ќе излезат многу интересни работи за Мијалков


Во следниот период ќе излезат многу работи за Сашо Мијалков кои ќе бидат интересни за јавноста. Но, истражувањето е работа на обвинителството и тука не планирам да се мешам, вели вицепремеирот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој претходно го повика Обвинителството да го испита потеклото на имотот на поранешниот директор на УБК, […]

Мицкоски ја обвини ДУИ за протестот утре, најави решение за полагање правосуден испит на албански


По најавата за протестен марш утре пред Министерството правда со кој, како што е најавено, учесниците ќе изразат незадоволство од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит односно неможноста да го полагаат на албански јазик, премиерот Христојан Мицкоски ги повика „да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија која […]