Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан во посета на земјава
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Швајцарскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот.
По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.
По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.