ЗНАМ гледа раскол во СДСМ


Никола Мемов - ЗНАМ (Фото: Б. Грданоски)

Движењето ЗНАМ во соопштение изјасни дека реагира дека во јавните настапи поврзани со измените на Законот за Влада се забележува, како што наведуваат, конфузија и неусогласеност во ставовите на СДСМ. Според ЗНАМ, во текот на еден ден од ист политички субјект биле испратени различни пораки кои, како што оценуваат, се разликуваат по содржина и насока, оставајќи впечаток за недоволна координација во партијата, стои во соопштението.

Во соопштението се цитираат изјави на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски, кои според ЗНАМ упатуваат на различни толкувања околу натамошното политичко делување и учество во работата на Собранието.

ЗНАМ исто така, во соопштението, ја оспорува изјавата дека немало комуникација и дебата за Законот за Влада, наведувајќи дека Спасовски учествувал на работни состаноци и имал увид во предлог-измените. Од движењето оценуваат дека ваквите спротивставени пораки создаваат впечаток на внатрешни разлики во СДСМ и отвораат сомнежи за недоследност во настапите, стои во соопштението.

„Кога во краток временски период се испраќаат различни пораки за клучни државни прашања, се отвора прашањето кој е официјалниот став на партијата“, наведуваат од ЗНАМ во соопштението.

Движењето поставува и повеќе прашања до СДСМ, меѓу кои дали постои намера за блокирање на институционалните процеси, дали се размислува за бојкот на законодавниот дом и дали внатрешните партиски односи влијаат врз политичките одлуки, стои во соопштението.Во соопштението се оценува дека ваквиот пристап може да создаде политичка неизвесност и да влијае врз стабилноста на институциите.

ЗНАМ во соопштението нагласува дека Собранието треба да остане простор за аргументирана дебата и донесување одлуки во интерес на граѓаните, а не за политички блокади или маневри.

„Претпоставувам е дека некое сервирање на информации што им одговара само на ЗНАМ поради тоа што на анкетите, тие практично веќе не постојат. Станува збор за група на екс-членови на СДСМ кои што, за жал, за свои сопствени, финансиски и лични интереси, ја поделија и разединија партијата. Имаа лажни ветувања дека ќе бидат некакви патриоти или контролор на власта“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на обвинувањата од Движењето ЗНАМ за раскол во редовите на социјалдемократите.

Филипче потенцира дека во редовите на ЗНАМ не направиле ништо туку дека се, како што вели, „приврзок на ВМРО-ДПМНЕ“. Тој потенцира дека нема разединетост во неговата партија.