Ќе се гради нова градинка во Драчево


Министерството за труд и социјална политика објави оглас за избор на градежна компанија за изградба на нова детска градинка во скопската населба Драчево, соопшти денеска прес-службата на Општина Кисела Вода. Општината кон крајот на минатата година изработи основен проект за изградба на нова градинка во Драчево, по што аплицираше и доби грант од Министерството за […]

Протест за почист воздух во Автокоманда


  Иницијативата „Автокоманда сака да дише” најави предупредувачкиот протест против континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба. Протестот ќе се одржи утре, на 3 октомври (четврток) со почеток во 18 часот на плоштад “Коцка” (веднаш до Полициската станица). На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Иницијативата „Автокоманда […]

Милион евра за враќање на сјајот на Старата скопска чаршија


Еден милион евра ќе се потрошат за да се врати сјајот на Старата скопска чаршија. Со тие пари треба да се обноват излозите. Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска потпишува Договорот за реализација на Проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија меѓу Министерството за економија и Општина Чаир. Тој посочи дека […]

Идната недела Градот ќе добие лиценца да ги грее скопјани


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува во текот на наредната недела да биде формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција со топлинска енергија на новото претпријатие АД „Градски енергетски системи“, додавајќи дека ќе се намали цената на овој енергенс. – Одлуките на Советот на Град Скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се […]

Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре (02 и 03.10.) во посета на нашата држава ќе престојува државна делегација на Република Црна Гора. Поради тоа, во наредните два дена на дел од сообраќајниците во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за разбирање и […]

(Фото) Шилегов за 1,5 милиони евра купи нова опрема за чистење


Градот Скопје купи четири нови камиони за собирање ѓубре, 570 контејнери и 950 корпи за џебен отпад, во кои пак, нема да може да се фрлаат кеси со отпадоци од дома. Улиците и тротоарите на главниот град ќе се чистат со нови 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 возила за чистење и миење, […]

Еден час помалку ќе работи жичницата на Водно


Од денеска (1 октомври) Жичницата Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот. Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле. Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до […]

Шилегов ја мерка зградата на ЕВН за градска куќа


На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа почна да го средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ. – Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме Градската куќа. […]

Дел од Општина Центар утре без вода


Корисниците од улиците „9 Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Борка Талевски“ и „Христо Смирненски“ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на цевка […]

(ВИДЕО) НЛО над Скопје?


Вчера вечер околу 20 часот граѓанин од Чаир седејќи на балкон видел „мистериозен“ објект како се движи на небото. Во првиот момент помислил дека е дрон, но добро гледајќи во него, открил дека тоа е нешто друго и започнал да снима. Откако го снимил видеото, вели дека „мистериозниот“ објект  се приближил кон неговиот стан и […]

Од утре зимско работно време на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје


Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“-Скопје. Како што соопшти „Градски паркинг“, работното време за зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот. На јавна […]

Шилегов ја повика опозицијата на дебата за продажбата на Градската куќа


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека ќе се обидат да ја продадат Градската куќа и додаде оти не знае кој ќе се пријави на јавната аукција и дали ќе успее продажбата. – Ми се допаѓа идејата дека Градската куќа треба да биде во централното градско подрачје, на самиот плоштад бидејќи тоа е […]

Шилегов: Зошто не го подучија Мијалков „Мериот“ да го гради отаде Вардар, плоштадот е место за Градска куќа


На градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов му се допаѓа идејата градската куќа да е на плоштад, можеби и зградата на ЕВН, па веројатно токму затоа од денеска почна да се средува партерниот дел од плоштадот пред ГТЦ. – Најискрено не можам да знам кој ќе се пријави, бидејќи ние ќе се обидеме да ја продадеме […]

Барокната градска куќа ќе се продава, Шилегов: Продажбата e по одлука на Советот на Град Скопје


Граѓаните не беа прашани дали сакаат барокна градска куќа на таа локација. Продажбата на градската куќа е по одлука на Совет на Град Скопје, како надлежен орган, на јавна електронска лицитација што ќе биде транспарентна. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање. – Местото на седиштето на администрацијата на […]

ЈСП „Скопје“: Не поскапува ни една услуга


Во врска со донесената одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје (билет за едно возење), од ЈСП „Скопје“ појаснуваат дека јавниот превоз не поскапува! „Не поскапува ниту една услуга на ЈСП Скопје! И натаму, пакетот билети за 10 […]

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост


Градот Скопје информира дека го продолжи рокот на објавениот јавен повик на ден 16 септември 2019 година за стипендирање на ученици со попреченост од скопските средни училишта за уште пет дена. Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучила апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 1 октомври 2019 година. Со цел подигање на […]

Барокната градска куќа оди на продажба со одлука на Советот на Град Скопје


На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, беше усвоена одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС, соопшти Град Скопје. – Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме успеавме да […]

Од 1 ноември билет за едно возење во градскиот превоз во Скопје, цената 50 денари


Од 1 ноември ќе може да се купи билет за едно возење во автобусите на ЈСП и приватните прeвозници во Скопје. Цената, според одлуката на Советот на Град Скопје донесена денеска, ќе изнесува 50 денари. Станува збор за хартиен билет кој треба да ја пополни празнината која настана со воведување на картичката „Скопска“ на оние […]

Ќе се продава недовршената Градска куќа за 12,7 милиони евра


  Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради поранешниот градоначалник Коце Трајановски, кој сѐ уште е во градба на улица „Лазар Личеноски“ бб (на Кејот на Вардар). Објектот, во кој требаше да се всели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра. […]

(Фото) Меси или Роналдо: Гласање со догорчиња


Екологијата зема замав, па се чини дека секој е загрижен за јавната чистота и правилно одлагање отпад. Во една таква иницијатива, на Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ се споделуваат фотографии за идеи за корпи за отпадоци, наменети за догорчињата од испушени цигари. Секој што некогаш учествувал во акција за расчистување јавна површина знае дека најтешко […]