„Денови на Св. Мајка Тереза“ по повод 110 години од нејзиното раѓање

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ од денеска до 5 септември ќе организира традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, која годинава е во знакот на 110–годишнината од нејзиното раѓање.

Оваа манифестација се одржува по 21 пат, а ќе започне на роденденот на Св. Мајка Тереза, на 26 август.

– Манифестацијата ќе започне на 26 август кога во 10 часот претставници на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ и на ИДКНА свечено ќе ја откријат обновената спомен-плоча на местото на родната куќа на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза во центарот на Скопје, информираат од Асоцијацијата.

Потоа, како што наведуваат, ќе биде одржана свечена академија и ќе бидат промовирани книги посветени на Св. Мајка Тереза.