Нема сушење алишта во дворови и тераси во Ѓорче Петров


Градоначалникот на општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, преку Фејсбук ги потсети жителите на општината дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, додаде Наумоски во коментар под објавата.

Граѓаните, пак, главно реагираат со револт,бидејќи сметаат дека покрај сите проблеми, кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината.