Почна реконструкцијата на дел од булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче


Град Скопје започнува со реконструкција на дел од булеварот „Видое Смилевски Бато“, на потегот од „Февруарски поход“ до крстосницата со булевар „Србија“, а градежните работи предвидено е да траат триесетина дена.

– Овдека вршиме целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 700 метри, целосна нивелација на шахтите и замена на ивичниците коишто се евентуално оштетени, со цел на граѓаните на Реонски центар, на граѓаните од „13 Ноември“ на граѓаните од Ново Лисиче да им обезбедиме квалитетна инфраструктура – рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на почетокот на реконструкцијата на булеварот.

Вредноста на проектот е 27,3 милиони денари.

Замоли за разбирање кај граѓаните, затоа што очекуваниот период за звршување на работите е триесетина дена, за реконструција на булеварскиот дел, заедно со двете крстосници, а сообраќајот ќе се одвива отежнато.

. Во текот на изминативе две години Градот сериозно вложува во инфраструктурата во Општина Аеродром, рече Шилегов, особено во нејзиниот источен дел.

– Лани, ја завршивме улица „Февруарски поход“, ја пробивме првата фаза од новиот булевар „АСНОМ“, каде се одвиваат градежните работи на мостот кон Керамидница, којшто очекувам до првата половина на наредната година да биде готов – додаде Шилегов.(Б.Б.)