Денеска и утре повеќе автобуси на ЈСП кон Матка


Фото: Б. Грданоски

Ве информираме дека денеска (27.08.2020 год), во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 која оди од Транспортен центар до Матка во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до 18 часот.

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Утре, пак јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот