Фото галерија од утринското прскање на комарците


Фоторепортерката на МИА Ивана Батев изутринава беше во еден од авионите со кои се вршеше прскањето против комарци во Скопје.

Од воздух со својата камера ја проследи дезинсекцијата што опфати над 10 илјади хектари со педесетина жаришта на комарци.

Авионското запрашување на главниот град првично требаше да биде изведено вчера, но беше одложено поради неповолните временски услови. Авионската дезинсекција, како што најави Град Скопје, ќе продолжи и утре во раните утрински часови.