Новото детско игралиште во Кисела Вода оштетено од вандали


Општина Кисела Вода информира дека неодамна направеното ново детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври“, вчера беше оштетено од несовесни граѓани.

Општината најостро ги осудува сторителите на ваквото дело, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта и сл. веднаш да пријават во полиција.

Општина Кисела Вода порачува: Да ги чуваме детските игралишта, за да имаат каде да си играат, да се радуваат, да се развиваат и да се дружат дечињата.