Организатори за складирање мобилни телефони за поголема активност на основците во Карпош


Организатори за складирање мобилни телефони се поставени во десет основни училишта на територијата на општина Карпош. Учениците и наставникот имаат можност во еден од организаторите пред почеток на часот да го остават својот мобилен телефон и да си го земат по завршување на часовите. Се работи за пилот проект на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, поддржан […]

Општина Аеродром субвенционира печки на пелети


Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година, објави денеска Општина Аеродром. Јавниот повик кој почнува од денеска, ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“. – Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година […]

Општина Аеродром ќе субвенционира чистење оџаци


Општина Аеродром утре ќе објави јавен повик за субвенционирање за чистење оџаци. Општина Аеродром информира дека јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето, односно од 27 септември до 11 октомври 2019 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. За користење на мерката субвенционирање за чистење оџаци, граѓаните […]

Град Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини


Според договорите за јавни набавки, Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 отсто, односно за 4,2 милиони евра, останува на врвот по потрошувачка. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби […]

Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај. Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Аеродром, од 8 до 17 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите Суташ, […]

Жителите на Усје го блокираа сообраќајот на „Борис Трајковски“ бараат фекална канализација


Жителите на населбата Усје во општина Кисела Вода попладнево го блокираа сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“. Жителите бараат изградба на секундарна мрежа на фекалната канализација. Сообраќајот е блокиран во двата правца.

„Не биди ѓубре“ в недела ќе вади автомобилски гуми од Вардар


Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, в недела, во 12 часот, ќе организираат вадење на потонатите автомобилски гуми од Вардар, во близина на мостот „Гоце Делчев“, најавува Ирена Ристиќ на Фејсбук групата „не биди ѓубре“. […]

Во тек е пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“


Пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“ (Skopje Run 10K) трае до 1 октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број учесници. Пријавувањето се реализира електронски преку http://skopje.run/ и https://www.smartrace.club/ Главни покровители на „Skopje Run 10K“ се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски […]

Подготовки за грејната сезона, потрошувачите да ги проверат инсталациите


Потрошувачите, зедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона, апелира денеска компанијата за снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје (БЕГ). Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација […]

Од први ноември билет за едно возење во автобусите на ЈСП


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска најави решавање на проблемот со непостоење билет за едно возење во градските автобуси.   Имено, од први ноември во употреба ќе биде пуштена картичка „Скопска“ за едно возење, која патниците ќе можат да ја купат во автобус. Цената на билетот за едно возење најверојатно ќе биде 50 денари, […]

За седум месеци Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси


Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси со погон на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Ова на денешната прес-конференција го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. – Мојата заложба, заложбата на Град Скопје е креирање јавен транспорт кој ќе биде и економски ефикасен и кој нема да ја […]

Зглобните автобуси се враќаат на скопските улици


Дванаесет зглобни  и 21 единечни автобуси ќе набави Градот скопје за потребите на ЈСП Скопје со договорот што во средата го потпишаа градоначалникот и производителот МАН. Најдоцна за седум месеци скопјани ќе се возат во нови, нископодни автобси со капацитет од 85, односно 149 патници. Со овие автобуси на гас се заштедуваат по 25.000 евра […]

Аеродром дава субвенции за велосипеди


Општина Аеродром денеска објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик почнува од денеска, 25 септември, и ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна […]

Без струја утре повеќе општини во Скопје


Поради техничките зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 4 до 6 часот ќе бидат корисниците од селата Стајковци, Арачиново, Марино, Кадино, Илинден, Бела Земја, област Белви. Во периодот од 100 […]

Шилегов: Гасот да се користи за затоплување во Ѓорче Петров, Сарај, Шуто Оризари…


Градоначалникот Шилегов денеска учествуваше на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“, во организација на Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Како градоначалник на Град Скопје, но и како […]

Утре се потпишува договор со МАН за набавка на 33 автобуси на гас за ЈСП


ЈСП „Скопје“ набавува 33 еколошки автобуси, кои ќе се движат на гас, од производителот МАН, кои треба да придонесат за почист воздух во главниот град. Како што најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, утре треба да потпишат договор со производителот на автобуси МАН. – Во текот на утрешниот ден ги очекуваме претставниците на МАН и […]

Музика и македонско вино на фестивалот „Skopje Wine Expo“


Од четврток до сабота, традиционално ќе биде одржан македонскиот вински фестивал „Skopje Wine Expo“. Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во македонските вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови. Посетителите ќе ги забавуваат доајените на македонската музичка сцена Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација […]

Ослободени пешачки површини во Скопје


Во рамки на Европската недела на мобилноста, што оваа година беше посветена на пешачењето и велосипедизмот под мотото „Пешачи со нас“, екипи на Град Скопје ослободија неколку пешачки површини. – Изминативе две години во Скопје се посветува големо внимание на местото на пешаците во јавниот простор. Се создаваат простори што се безбедни, корисни и проточни. […]

Времето утре облачно, од петок пораст на дневната температура


Стабилизирање на временската состојба со пораст на температурите најавуваат метеоролозите. Променливо облачно ќе биде утре,  а задутре ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од четврток до недела утринската температура ќе се движи од четири до 16 степени, а дневната од 20 до 29 степени. […]

Пожарникарите се обучуваат да даваат прва помош, во Скопје ќе има околу 50 обучени


Пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, меѓу кои и новопримените 18, ќе бидат обучени за давање прва помош на повредени лица во сообраќајни незгоди или во случаи кога има повредени при интервенции за гаснење пожар. Со тоа, Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ќе брои вкупно околу 50 пожарникари кои ќе имаат сертификат […]