Скопје ќе се обои на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“


Почнувајќи од вечерва до 22 август, четири вечери на 18 локации, 25 уметници и изведувачи со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат главниот град и ќе го обојат во сите бои, почнувајќи од симболот на Скопје, Камениот мост.

Како што информираат од Градот, замислената рута на движење ќе продолжи по кејот на реката Вардар, зградата на МЦМ и Градскиот парк.

– Следете ја зелената патеката! Придружете ни се и бидете дел од магијата на Skopje Light Art District 2020 – повикуваат градските власти.