(Видео) Шилегов предлага нова локација за Универзална


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната трибина на која се разговараше за судбината на Универзалната сала во Скопје, излезе со личен став, таа да се гради кајоранжериите на „Паркови и зеленило“, кај влезот во градскиот парк.

Тој повтори дека за него најдобро е реставрација на постоечкиот објект, а истовремено и изграба на нов.

– Донесов одлука за тоа новата концертната сала да биде кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленило“. Овој простор дозволува изградба на симбол за градот, а ќе се реши и проблемот со летна сцена – изјави Шилегов.

Шилегов потоа додаде и дека е најважно веднаш да се започне со реставрација на Универзална.

Потенцира дека идејата за оваа локација на влезот од градскиот парк е негова, односно дека тоа не значи дека токму овде ќе се гради тој објект.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/314719226514611/