Јавен повик за ангажирање невработени лица во Општина Аеродром

Општина Аеродром објави јавен повик за ангажирање на евидентирани невработени лица на работното место „образовен асистент“ и „помагател на стари лица“ во време траење од девет односно седум месеци, со скратено раборно време, за месечена плата од 9.000 денари.

-Се повикуваат сите евидентираните невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации II” за работно ангажирање со скратено работно време за период од шест месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги, седум месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги и девет месеци доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес, се наведува во јавниот повик на општината.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часа неделно. Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.

-За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто-износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест, информираат од Општина Аеродром.

За работно место „образовен асистент“ кандидатот треба да биде дипломиран дефектолог, психолог, педагог или пак да има завршено високо образование со положени педагошки предмети. Додека пак за за работно место „помагател на стари лица“ потребни квалификации се да има завршено средно образование.

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје во периодот од 24 до 31 август 2020 година, од 8 до 14 часот.

Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје – кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа Скопје кај лицето Елена Гугушева.