Општина Гази Баба набавува 250 таблети за учениците

 

Општина Гази Баба набавува 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата.

– Целта е да ги надминеме недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство. Општина Гази Баба во консултација со директорите и наставниците има точна бројка во кое училиште кому ќе му биде најпотребен овој уред. Секој ученик кој што ќе добие таблет ќе биде одговорен за него и во исправна состојба ќе треба да го врати на крајот од учебната година, со цел да послужат и да други ученици – велат од Општината.

На оваа акција, очекуваат да се приклучат и општествено одговорните компании како и секој граѓанин кој би можел да донира или да позајми технички уред за своите сограѓани.

Инаку, сите 11 основни училишта веќе се подготвени за старт на учебната година. Благодарение на посветените директори, наставници, Гази Баба е подготвена за одвивање на наставата во двата методи. Секое училиште веќе има подготвено своја платформа, протол за влез, излез, за одвивање на настава, протол за дезинфекција како и за движење низ објектите.