Манчевски: Курир, Република и Нетпрес создаваат паника


Министерот Дамјан Манчевски ги обвини Нетпрес, Курир и Република за координирани лажни вести, со цел да предизвикаат паника кај населението. Запрашан за коментар околу т.н. факти на денот што ги лиферува секоја вечер  ВМРО-ДПМНЕ и според кои Владата крие дека се соочуваме со силна економска и здравствена криза, Манчевски одговори: -Прво не треба некој да …

Манчевски: Курир, Република и Нетпрес создаваат паника Read More »

Две родилки на опсервација заради корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче денес на прес конференција информира дека кај две бремени жени се проверува дали се позитивни на корона вирус. Тој рече дека сите 13 пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична како вчера. „Само една пациентка од Дебар е на машина и таа има значајно …

Две родилки на опсервација заради корона вирус Read More »

(ВИДЕО)Филипче: Се чекаат резулататите за седум нови тестирани на корона вирус


Седум нови пациенти се тестирани за корона вирус, и нивните резултати ќе бидат готови за неколку часа. Пациентите се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив пристигнале пред 3-4 дена од Австрија и Швајцарија. Сите се јавиле со висока температура. Меѓу тестираните се и две бремени жени од Дебар, соопшти министерот за …

(ВИДЕО)Филипче: Се чекаат резулататите за седум нови тестирани на корона вирус Read More »

Предметите поврзани со корона вирусот ќе бидат приоритетни за Обвинителството


Во постапувањето приоритет ќе имаат кривични пријави за непочитување на донесените одлуки, мерки и препораки за справување со корона вирусот   Јавното обвинителство ја прифати препораката на Владата од вчерашната седница итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на корона вирусот. „Во постапувањето на основните …

Предметите поврзани со корона вирусот ќе бидат приоритетни за Обвинителството Read More »

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред


Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски …

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред Read More »

Кои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19


Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со корона вирус. Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен). При покачена температура само лекови што содржат …

Кои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19 Read More »

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави повеќе креативни постери како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. -Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето …

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Read More »

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава


Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани. Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните …

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава Read More »

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април


Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, …

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април Read More »

Аеродромот во Охрид се затвора вечерва на полноќ


Согласно одлуката на Владата донесена на синоќешната седница за затворање на аеродромот „Свети Апостол Павле Охрид“ од ТАВ Македонија информираат дека одлучиле да го затвори аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ на 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на корона вирусот. „Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги …

Аеродромот во Охрид се затвора вечерва на полноќ Read More »

Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките


 Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните и движењето по улиците речиси е минимално. Поставените контроли пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на …

Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките Read More »

Сопругата на шпанскиот премиер Санчез има корона вирус


Бегона Гомез, сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез е заразена од коронавирус. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада. Веста за шпанскиот АБЦ ја потврдиле од Владата на Шпанија, нагласувајќи дека премиерот, неговата сопруга и министерките се во добра здравствена состојба и дека ги почитуваат упатставата на …

Сопругата на шпанскиот премиер Санчез има корона вирус Read More »

Наместо на плоштади, партиите ќе „митингуваат“ на социјалните мрежи


До 22 март се откажуваат активностите на терен, фокусот се насочува кон социјалните мрежи и кон електронските медиуми   Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на корона вирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата. За мораториум на партиските …

Наместо на плоштади, партиите ќе „митингуваат“ на социјалните мрежи Read More »

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска. ОД АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и …

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата Read More »

Скопје вечерва како град на духови (галерија)


Мерките на Владата и стравот очигледно имаат резултат. Главната порака – останете дома генерално се почитува во Скопје. Од фото репоратажата што ја направи нашиот фоторепортер Борис Грданоски можете да ги видите празните улици, затворените ресторани. Едноставно, метрополота да изгледа како напуштен град.

Никола Димитров: Неодговорно е да се патува за туризам


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека е прилично неодговорно во оваа ситуација на светска пандемија со Ковид-19 да се патува во странство заради туризам. Димитров како пример го наведе случајот на нашите туристи на Малта, кои заминале пред пред неколку дена на овој медитерански остров. Бидејќи „Визер“ ги запре летовите од Малта …

Никола Димитров: Неодговорно е да се патува за туризам Read More »

Во функција остануваат пет гранични премини, бројот на заболени се искачи на 18 лица


Влезот и излезот во и од Македонија по копнен пат за патници и возила ќе биде можен преку граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце, но само за странските државјани кои се од ниско ризичните земји за корона вирусот, соопшти вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче кој ги презентираше новите …

Во функција остануваат пет гранични премини, бројот на заболени се искачи на 18 лица Read More »

Фото вест: Се дезинфицира прес-центарот во Влада


По секое одржување на прес-конференција во центарот во Владата, тој се дезинфицира. Од Владата објавија фотографија со која покажуваат дека се грижат за новинарите и министрите кои одржуваат прес-конференции со цел јавноста да биде навремено информирана за последните состојби со корона вирусот. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче сугерира и столчињата на кои седат новинарите …

Фото вест: Се дезинфицира прес-центарот во Влада Read More »

МНР одглави македонски автопревозници од италијанско-словенечката граница


Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб стапило во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава. По успешните дипломатски напори, …

МНР одглави македонски автопревозници од италијанско-словенечката граница Read More »

Целосно се затвораат кафулињата и продавниците, освен маркетите и аптеките


Како превентивна мерка од ширење на корона вирусот министерот за здравство Венко Филипче, вечерва на прес-конференција, рече дека Кризниот штаб донесол одлука да се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките. Како што појасни Филипче, рестораните кои подготвуваат храна може да работат, но храната да ја доставуваат на алтернативен …

Целосно се затвораат кафулињата и продавниците, освен маркетите и аптеките Read More »