Сопругата на шпанскиот премиер Санчез има корона вирус

FILE - In this Dec. 3, 2019, file photo, Spanish Prime Minister Pedro Sanchez and his wife Begona Gomez arrive at 10 Downing Street in London. Spain's government said Saturday March 14th, 2020 that the wife of Prime Minister Pedro Sanchez has tested positive for the new coronavirus. It said Begona Gomez and the prime minister are in good health and following the instructions of medical authorities at their residence in La Moncloa Palace in Madrid, the government seat. The vast majority of people recover from the new coronavirus. According to the World Health Organization, most people recover in about two to six weeks, depending on the severity of the illness. (AP Photo/Alastair Grant, File)

Бегона Гомез, сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез е заразена од коронавирус. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада.

Веста за шпанскиот АБЦ ја потврдиле од Владата на Шпанија, нагласувајќи дека премиерот, неговата сопруга и министерките се во добра здравствена состојба и дека ги почитуваат упатставата на епидемиолозите.

Во Шпанија, од денеска е на сила одлуката за делумна изолација во наредните 15 дена, како дел од планот за сузбивање на коронавирусот.

Тоа значи дека на 47-те милиони жители на Шпанија ќе им биде забрането слободното движење, освен ако мораат да одат на работа, во болница или да купуваат намирници или лекови.

Бројот на заразени во Шпанија вчера се искачи на 6023 лица од кои починаа 193, со што Шпанија стана втората земја по бројот на заболени лица од коронавирусот во Европа.