Манчевски: Курир, Република и Нетпрес создаваат паника


Министерот Дамјан Манчевски ги обвини Нетпрес, Курир и Република за координирани лажни вести, со цел да предизвикаат паника кај населението. Запрашан за коментар околу т.н. факти на денот што ги лиферува секоја вечер  ВМРО-ДПМНЕ и според кои Владата крие дека се соочуваме со силна економска и здравствена криза, Манчевски одговори:
-Прво не треба некој да ни каже дека се соочуваме со економска и здравствена криза, ние се наоѓаме во една таква ситуација. Но, сакам да се насочам кон одредени медиуми коишто сакаат да направат дополнителна паника, и мислам дека треба да зборуваме најдиректно, а не од околу.Курир, Република и Нетпрес, ова се координирани извори на лажни вести, финансирани од еден центар на економска моќ којшто се наоѓа во Будимпешта и којшто ја има под целосна контрола и партијата ВМРО-ДПМНЕ.Апсолутно не постои долна граница под која што не може да паднат ниско, овие квази медиуми.Апелирам до другите медиуми во државата да не потпаѓаат на овие влијанија, да не ги шират овие лажни вести и во оваа прилика би сакал уште еднаш да се заблагодарам за одговорното однесување на сите останати медиуми во државата во однос на коронавирусот, изјави Манчевски.