С.Македонија се приклучува кон глобалната набавка за вакцини за Ковид-19


На денешата 76-та седница Владата  ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за Ковид-19. – Владата го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја […]

За Илинден Спасовски во Крушево, Пендаровски во Пелинце


Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со Ковид-19. Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со Ковид-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки […]

МЗ: Денеска шест лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти


Вкупно 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со КОВИД-19 се обезбедени досега, а само во текот на денешниот ден шест лица даруваа крвна плазма, од кои четири од Штип и две од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина. Според, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини, даруваната плазма е дел на […]

Дебар денеска достави барање за еден пулмолог и еден инфектолог


Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, денеска достави барање до Главниот кризен штаб за справување со пандемијата од Ковид-19, во градот да се испратат еден пулмолог и еден инфектлог, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со Штабот. Додава дека ваква одлука била донесена на седница на Штабот по анализата на актуелната состојба и се […]

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули


Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, во периодот од 7 до 19 часот. Од МВР потенцираат дека целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат […]

Косово воведе задолжителен тест за Ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора


Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое […]

Бројот на новозаболени, конечно, падна под 100 – починаа тројца пациенти


По повеќе денови бројот на новоаболени од Ковид-19 во Македонија во еден ден падна под 100. Имено, според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19. Во изминатото деноноќие починале три лица oд кои двајца на возраст од 43 и 72 години […]

Стигнаа сите автобуси за ЈСП на гас


Денеска пристигнаа уште седум зглобни и еден единечен екоавтобус, кои Град Скопје ги набави за потребите на ЈСП „Скопје“. „Со ова завршува испораката на вкупно 33 автобуси од набавката. Откако ќе ги поминат сите процедури и овие автобуси ќе бидат пуштени во сообраќај, што очекуваме да се слуи за две недели“, велат од ЈСП „Скопје. […]

Норвешка донира медицинска опрема за полската болница Rolle 2


Донација од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во врдност од околу 200 илјади евра, реализирана преку Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО и транспортирана од Алијансата, денеска беше предадена во касарната Илинден […]

Филипче: Не очекуваме поголем наплив на пациенти за прием во болница


Трендовите се уште се во насока на приближно ист процентот на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата […]

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило


Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници. Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река“. – Во 20 часот и 40 минути, […]

Утре пониски утрински температури, во петок и сабота нестабилно со пороен дожд


Сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура, најавува УХМР за следните денови. Но, утре, како што соопшти, се очекуваат пониски утрински температури, а во попладневните часови и услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Според УХМР, во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе […]

Подготовки за евентуален есенски бран на Ковид-19, се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини


Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Од Министерството за здравство соопштија дека овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона […]

Потребен е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна, порачуваат од „Пакомак“


Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе […]

Активни 3.526 случаи на заразени со Ковид-19, оздравеле 4.203 лица


Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град, а од скопските општини предничи Чаир. Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани […]

Сончево со мала доумерена облачност и температура до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието. Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8. Во […]

Заев: Катица е виновна што била толку наивна


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за Канал 5 ја исклучи можноста по изборите да има нови рестриктивни мерки за да се стави под контрола корона вирусот. Според Заев кај нас не се очекуваат поголеми осцилирања во бројот на заразените и поради тоа нема причина да се обновуваат  мерките.Тој сметаше дека верските празници придонеле […]

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица


Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во […]

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија ја доби најсовремената операциона сала во државава


 Новиот болнички оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во Северна Македонија и регионот која ги исполнува највисоките стандарди за давање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните. Од Министерството за здравство потсетија дека салата, која беше пуштена во употреба во јануари оваа година, претходно била целосно запуштена и […]

Четири нови случаи заразени и двајца излекувани од корона вирус во Кичево


Во Кичево денес четири нови лица се заразени со коронавирусит Ковид-19 и двајца ја победиле болеста според податоците од Министерството за здравство, со што пак вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 72, од кои 61 се активни, 10 се излекувани и едно лице е починато. -Новозаболените се во добра општа здравствена […]