За десет дена бројот на активни случаи во Чаир се намали од 454 на 300 лица


Иако податоците покажуваат и натаму високи бројки на новоинфицирани од корона вирусот, ситуацијата изгледа како да е стабилизирана во овој нов бран. Според информациите на лекарите од Клиниката за инфектологија и од Градската болница „8 Септември“ се забележува намален притисок за хоспитализации. На Инфективната клиника примени се 4 пациенти и со нив вкупната бројка на […]

Нови 136 заболени од Ковид-19, починаа шест пациенти


Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на Ковид-19, но починаа и шестмина, додека 123 се оздравени. Новорегистрирани случаи има во: -Скопје 46 -Куманово 6 -Дебар 7 -Штип 14 -Прилеп 1 -Тетово 12 -Струга 9 -Велес 1 -Охрид 2 -Гостивар 13 -Струмица 2 -Радовиш 3 -Крушево 2 -Кочани […]

СДСМ тврди дека хидроцентралите на Мицкоски извлекле 900 илјади евра профит од државата


На последниот ден од кампањата, СДСМ го обвини лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дека трите хидроцентрали каде тој се појавува како косопственик, извлекле 900 илјади евра профит од државата поради загарантираниот 20-годишен договор. „Главното прашање што го поставивме вчера, а не ни беше одговорено, ќе го поставиме и денеска: Зошто лидерот на опозицијата ја крие […]

Независните пратеници ја осудија новата „бомба“: Средбата со Мицкоски траеше подолго


Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата Христијан Мицкоски одржана во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието. Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат […]

Нови „бомби“ на кои Мицкоски разговара со осумте независни пратеници за Законот за ЈО


На последниот ден од изборната кампања на Јутјуб се појавија нови снимки на кои се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал тајни средби со осумте исклучени пратеници кои ги убедувал да не гласаат за Законот за јавното обвинителство. Мицковски им вели на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите […]

Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА


Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец […]

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел


Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ до крстосницата со улица „Бутелска“, во должина од околу 800 метри, соопштија од Град Скопје. Од Град Скопје информираа дека на тој потег од улицата, целосно е отстранет стариот […]

Филипче: Целосно реновиран и за 30 отсто зголемен капацитетот на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија


 Целосно го реновиравме и за 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија. Набавивме нова опрема и реализиравме 26 нови вработувања во установата. Колегите од мојата матична клиника се мотивирани и вистински вреднувани. Работат во подобри услови и имаат повисоки плати. Градиме одржлив здравствен систем за сите, напиша министерот […]

Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица


Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи се бележат во Скопје, а од скопските општини во Чаир. Константно во последниов период најмногу нови случаи се бележат […]

Архимандрит Партениј во Охрид ќе биде хиротонисан за епископ антаниски


Во храмот „Света Софија“ во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир. Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски. Во свештената Бигорска обител вчера беше извршено […]

Сончево со засилен ветер, од утре пад на температурата за пет степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во планинските предели на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку ден ќе биде најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до […]

Македонци од Авганистан ставени во карантин


Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан вечерва се сместени во задолжителен карантин во еден скопски хотел, бидејќи министерството за здравство добило информации дека дел од нив се позитивни на Ковид-19. Била присутна и полицијата за без проблеми да се спроведе државниот карантин, кој бил препорачан и од Комисијата за заразни болести и државниот санитарен и […]

Новинарските здруженија застанаа во одбрана на дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска


Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот на етика во медиумите во Македонија најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер кон новинарката Тања Милевска, дописник на МИА од Брисел. Од иституцииите бараат итна реакција и будно следење на ваквите појави, а […]

Извршени 16 несродни трансплантации, Македонија на мапата на светски центри за лекување најтешки заболувања на крвта


Во изминатата година и пол се извршени 16 алогени несродни трансплантации од европскиот регистер на доброволни донори и четири алогени полуидентични трансплантации. Со својата стручност и професионалност, Клиниката за хематологија застана рамо до рамо со најразвиените европски центри, а воедно се воспостави систем преку кој знаењето од нашите лекари се пренесува на идните генерации здравствени […]

Починатата 24-годишна пациентка немала хронични болести


Дваесет и четиригодишната пациентка од Јегуновце, која денеска почина од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, немала никакви хронични болести, само била донесена со тешка клиничка слика. Та оваа клиника таа била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од ковид-19. Таа […]

Расте бројот на новозаболени во Дебар, сега се 41


Во Дебар и понатаму расте бројот на заразени лица со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистрирани се шест нови случаи или вкупно 41 случај од четврти јули до денес. Најголема бројка беше регистрирана вчера или 17 новозаразени, што беше втора највисока бројка по онаа на 20 јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни. Во изминатото деноноќие […]

Еден активен случај за седум дена во општините од крајниот Исток


Во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица, по седум дена регистриран нов случај на Ковид-19. Откако минатата недела еден пациент почина од коронавирус во Берово, само еден нов случај е билансот на нови заболени од коронавирус на крајниот Исток од државата. Новиот случај во Берово е од веќе познатиот кластер, при што од тестираните, […]

Жбогар: Никаде без маска!


Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Фејсбук објави видео во кое на македонски јазик повикува на почитување на мерките за заштита од Ковид-19. -Вирусот е дел од нас. Само со почитување на мерките ќе успееме да имаме безбедно секојдневие. Носењето маска по маркетите, на пазарите, на гласачки места, во банка или во друг затворен простор е клуч […]

Повторно високи бројки: Нови 199, осум починати, 120 оздравени


Во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 90 Куманово – 17 Дебар – 6 Штип – 9 Прилеп – 3 Тетово – 12 Струга – 12 Битола – 2 Охрид – 4 Кавадарци – 2 Гостивар – 5 Струмица – 2 Радовиш – […]

Порака на Пендаровски: Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните настани во модерната европска историја


Претседателот Стево Пендаровски, на покана на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, преку видео-порака се вклучи во одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. Во пораката Пендаровски вели: „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница кога повеќе од 8.000 луѓе, претежно мажи и деца беа систематски убиени, само поради тоа што […]