Во сите градови има заразен од корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Во земјава нема град без активни случаи на заболени од Ковид-19 покажуваат последните податоците на Институтот за јавно здравје.

Изминатите недели Крушево, Ресен и Валандово, фиргурираа како градови без ниту еден заразен, односно сите претходно заразени, беа оздравени. Последниот извештај покажува дека  во Крушево и во Ресен има по еден заболен, а во Валандово двајца

Вкупниот број на активни случаи во моментов е 2.208, од кои и натаму најголемиот дел од нив се во Скопје каде што бројката на активни случаи изнесува 755, по што следуваат Куманово со 277, па Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111.

Во болниците во моментот се лекуваат 295 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а по подолго време нема пациенти на механичка вентилација. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, оздравени се 12.054, а починати 609.