Сончево и топло до 31 степен

Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во пораст.