Санкционирани 475 лица за неносење маски


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 475 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.