Општина Аеродром со најмногу заболени од корона вирус во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Општина Аеродром има најмногу заболени од корона вирус во Скопје. Од активните 761 случај во Скопје, каде денеска се регистрирани нови 43 заболени со корона вирус, 109 се во Општина Аеродром.

Општина Чаир, која пред извесно време беше најголемо жариште на вирусот, денеска има 88 активни случаи, а по неа следуваат уште Гази Баба со 82 и Карпош со 81. Другите општини во Скопје имаат под 50 заболени, освен Центар каде има 77 активни случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 88
• Гази Баба – 82
• Аеродром – 109
• Карпош – 81
• Центар – 77
• Кисела Вода – 83
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 50
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 15
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-13

Денеска направените 1.574 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-184, Биотек-271, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Систина со PCR метода -288, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-14, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.