Измени на сообраќајниот режим во Скопје поради Авицена женска трка

Во Скопје денеска ќе се одржи Авицена женска трка 2020, поради што ќе има измени во сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк.

Од СВР Скопје информираат дека одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 08.30 до 10.30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојуз на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје, со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, по што учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул.„8-ми Септември“ кај хотел „Александар Палас“, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.