Аеродром со 112 случаи има најмногу заболени од Ковид-19 во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Со 112 заразени, Аеродром има најголем број активни случаи на Ковид-19 меѓу десетте скопски општини и општините во поширокиот регион на главниот град.

Според денешните податоци на Министерството за здравство за поминати 24 часа, 85 активни има во Чаир, по 82 се во Гази Баба и Карпош, 80 во Кисела Вода, 76 во Центар, 52 во Бутел, 43 во Ѓорче Петров, 31 во Шуто Оризари, 24 во Студеничани, 20 во Сарај, 14 во Арачиново и 12 во Илинден.

Под десет активни случаи имаат Сопиште и Петровец (7), во Чучер Сандево се тројца и двајца во Зелениково.

Вкупниот број активни на болеста во Скопје се 754, а од почетокот на епидемијата со вирусот во главниот град се заразиле 6.114 лица.