Почина 35-годишната ресенчанка, нагло ѝ се влошила состојбата,


Ресен

По само два дена од потврдата дека е позитивна на Ковод-19 денеска почина 35-годишната Магдалена Темелковска од Ресен. Таа се лекувала дома, а според она што го објави Центарот за јавно здравје Битола на 4 септември кога ѝ е потврден вирусот не дала податок дека имала контакт со претходно потврден случај на Ковод-19. Според наши извори од Ресен, Темелковска се лекувала дома, но во текот на ноќта нагло ѝ се влошила состојбата, па починала рано утрово. Зад себе остави две малолетни деца.

Веста ги шокираше ресенчани, особено што ова е втор случај во градот да почине млад човек од корона вирусот. Во јуни од компликации од вирусот прерано замина и Илчо Котевски на четириесетгодишна возраст

Инаку она што веќе го објавивме Темелковска околу 20 август била на одмор во Струга со ваучерите од владата за развој на домашниот туризам, по престојот таму се вратила во Ресен и неколку дена подоцна ги почувствувала првите симптоми.

Во Ресен од почетокот на кризата до денес се регистрирани 147 позитивни на Ковид-19, оздравеле 142 пациенти, починаа 5 лица. (А.Б.)